Нема врeме
Најголемата заблуда е дека имаме време, рекол Буда.
Немаме време затоа што секоја секунда е драгоцено важна за да растеме.
Стравот вели: утре ќе делуваме, утре ќе се менуваме. А тоа утре, денес не постои. Нема утре, затоа што и утре ќе викаме утре пропаѓајќи надолу по спиралата на животот.
За да промениме нешто треба да работиме денес. Утре ќе ги видиме резултатите од она што сме го мислеле и правеле денес. Нема работа вчера и утре. Работата е само денес, а како што денес ги уживаме резултатите од работата што вчера сме ја сработиле, така и утре е резервирано за уживање во резултатите на работата што денес сме јасработиле.
Кога тоа ќе го разбереме, приказните за злата судбина нема веќе да играат улога во нашите животи и тогаш ќе бидеме способни ДЕНЕС да преземеме одговорност за она што сакаме да ни се случува утре.